МЕНИ
За нас

Адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & AНДРЕВСКИ e основана во 1997 година од страна на адвокат Мирјана Марковска-Андревски. Благодарение на професионалиот пристап во работењето и целосната посветеност на клинетите нашата канцеларија успешно функционира повеќе од 15 години.

Од самиот почеток адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ е ориентирана во работењето на полето на деловно, трговско, финансово, трудово право, авторски права и права од индустриска сопственост, облигационо право и останати правни области

За повеќе од 15 години постоење, Канцеларијата прерасна во една од најуспешните адвокатски канцеларии во Република Македонија. Нашиот успех произлезе од волјата на клиентите да ни ги доверат нивните најважни правни и деловни прашања во овој динамичен пазар, како и значајни судски спорови. Од тие причини бевме во позиција да го прошириме нашето работење во соседните земји, посебно Србија, но вклувајќи ги и Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија како и Албанија. Во текот на 2006 година, адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ го прошири своето дејствување и надвор од границите на Македонија, отварајки преставништво во Ниш, Република Србија.

МИСИЈА, ВИЗИЈА И ЦЕЛИ

Во текот на долгогодишно искуство во работењето успешно ја остваруваме нашата мисија па денес сме деловно ориентирана правна фирма специјализирана за давање на правни услуги на домашни и меѓународни компании и финансиски организации во врска со сите аспекти на деловното право. Функционираме како независна правна фирма со широки меѓународни контакти и перманентна соработка со водечките меѓународни правни фирми, како во регионот, така и пошироко.

Како професионален тим преку максимална посветеност во работењето, на нашите клиенти им овозможуваме правна помош и подршка во сите сфери од нивното работење. Помагаме во нивниот развој активно учествувајќи и подржувајќи ги во нивните идеи и инвестиции. За нас како канцеларија е важно клиентот да се чувствува сигурно при донесувањето на своите одлуки, знаејќи дека нашиот тим го подржува во целокупниот процес на инвестирање, работење, развој и етаблирање на пазарот. Благодарение на нашата посветеност ја остваруваме нашата цел исполнувајќи ги очекувањата на нашите клиенти нудејќи постојана, интегрална и високо квалитетна правна услуга.

Дејности

За своите клиенти, Марковска & Андревски обезбедува професионална услуга по највисоките возможни стандарди. Разбирањето на понекогаш комплексната и ризична бизнис клима и средина во регионот надополнета со вештините, долгогодишното искуство, познавањето на инвестициона легислатива не прави да се чуствуваме удобно, кога клиентот е успешно советуван и застапуван во неговите проекти.

Воглавно, нашата канцеларија дејствува во сферите на припојување и превземање на компании, енергетика и концесионирање, приватизација, реструктурирање, финансии и банкарство, интелектуална сопственост и новите технологии, сферата на осигурување, стопански спорови, недвижности, застапување на клиенти во процесни судски, вработување на странци во Република Македонија, работни спорови и мобинг, вонпроцесни и управни постапки, постапки за извршување, иницијативи пред Уставен Суд, како и постапки по жалба пред Европскиот Суд на правдата и пред меѓународни арбитражи, застапување во преговори, алтернативно решавање на конфликти и спорови и слично.

Во секоја од овие области, нашиот тим на искусни правници овозможува висок квалитет и услуга со која се обезбедува и постигнува соодветно и вистинско решение за клиентот.

Нашата канцеларија им широко искуство во превземање на големи и мали производствени и деловни потфати во Македонија.

Со отварањето на македонскиот пазар за странските инвеститори во последните пет години, нашата канцеларија е претежно орентирана кон застапување на странски клиенти и приватизација на македонските државни капацитети.

Нудиме услуги од областа на корпоративното право, во поглед на припремање на комерцијални договори, внатрешни акти, правилници, колективни договори, решенија, припрема на сценарија за одржување на собрание на акционери и одбор на директори и др.

Согласно потребите на клиентите Адвокатска канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ, преку своите искусни вработени на своите клинети им нуди најпрофесионални услуги од областа на облигационото право.

Едно од најголемите и најатрактивните превземања во Македонија беше спроведена од страна на Адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ.

Адвокатската канцеларија Марковска & Андревски на своите клиенти им нуди адвокатски услуги од областа на трудово право кои се состојат во изготвување на договори за вработување, одлуки и решенија на ниво на работодавец, пријава и одјава на работници во АВРМ и ФЗО.

Заштитата на правата од индустриска сопственост, авторските и други сродни права во време на голема конкурентност на пазарот покрај професионална обврска претставува и лично задоволство на вработените во нашата канцеларија како застапници за заштита на правата на клиентите во овие области.

Адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ работеше на многу проекти за концесионирање на добра од општ интерес во Македонија во областа на енергетиката, како и во областа на експлоатирање на руда и минерали и изнаоѓање на нови обновливи извори на енергија.

Адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ има големо искуство во областа која се однесува на заштита на конкуренцијата односно во постапките за прибавување на одобренија за концентрација.

Заедно со едни од водечките локални компании за ревизија и финансиско советување, ФИНКО и ДИМИТРОВ РЕВИЗИЈА, нудиме комплетно правни и финансиски, сметководсвени и услуги на советување, што е многу важно за странските фирми (државни и приватни).

Имаме големо искуство во драфтирање и преговарање во склучување на договори во врска со комуникации, како што се интерконекција, роаминг, договори за дистрибуција и слично.

Ние сме правен застапник на светски реномирани банки, како што се германските VOLKSBANK и RAIFAISEN BANK, како и Агенцијата за санација на банки на Германија во судски постапки за обезбедување и наплата на парични побарувања во Република Македонија.

Нашиот тим

Нашите соработници ќе ве советуваат и ќе Ве застапуваат во сите првни области на трговското и деловно право, како и други области на граѓанското право. Ќе добиете врвна услуга во работењето на компанијата, во инвестирањето од странство во Република Македонија, како и од Репулика Македонија во странство.

Нашата канцеларија е една од ретките која е екипирана, обучена и лиценцирана за медијација, стручна во сферата на алтернативно решавање на спорови, со можности за компаративно следење на европската регулатива во оваа сфера.

Тимот на Адвокатската канцеларија МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ го сочинуваат 11 правници, адвокати, експерт консултант и останати соработници, тим кој знае да се справи со притисоци и кратки рокови се со цел да ја пронајде вистинската опција и одржи вашата инвестиција.
 

 
Мирјана Марковска
Адвокат (основач и менаџер)
 
 

Александра Костовска
Адвокат

Катерина Бошковиќ
Адвокат

Игор Пајковски
Адвокат
 

Ѓорѓи Павлов
Постар правен советник

Петар Блажевски
Стручен соработник
 
М-р Благица Максимоска
Стручен соработник
 

М-р Миле Долдуров
Стручен соработник
 
Слаѓана Николоска
Стручен соработник
 
Саше Ололовски
Стручен соработник
 

Даниела Поповска Ѓеорѓиевска
Офис менаџер и администратор

Оливера Игиќ
Адвокат - преставништво во Ниш
 

 

Клиенти

Нашите клиенти се од областа на производството, финансиите, осигурувањето, тешката индустрија, црната и обоената металургија, рударството, телекомуникациите, транспортот и индустриските сервиси и логистика, агенции, фондации, меѓународни владини и невладини организации и стопански комори.

МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ постојано застапува неколку домашни и странски компании и застапништва во Македонија: Еуромак Брокер, Кроација Осигурување, Аутомотив, New Yorker, Идеа Плус, НАША ТВ, ПСТ Холдинг, PSD Group, Журнал, Фитофарм, Aксон Трејдинг, Мелон Солушнс, Стопанска Комора на Р.М., Повардарие, Перпетум Мобиле, Laro Kitchen Service, Albatros, BDO, Еуромак контрол, Sectron, Мекиците од Стража, Total Logistic, Total Brands.

Контакт

Адвокатска Канцеларија
"МАРКОВСКА & АНДРЕВСКИ"

ул. Орце Николов бр. 75, 1000 Скопје,
Република Македонија

 

Тел/ факс: + 389 (0) 2 3129 240
Тел/ факс: + 389 (0) 2 3238 724

Веб страница: www.m-a.mk
E-mail адреси:

 

Канцеларија во Р.Србија

ул. Јеронимова 15, 18000 Ниш,
Р.Србија

Горе